• петок, 22 ноември 2024

Израел ќе дозволи привремена испорака на помош во Појасот Газа преку преминот Ерез и пристаништето Ашдод

Израел ќе дозволи привремена испорака на помош во Појасот Газа преку преминот Ерез и пристаништето Ашдод

Тел Авив, 5 април 2024 (МИА) - Израел ќе дозволи привремена испорака на помошта до Појасот Газа преку преминот Ерез, соопшти денеска кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху. 

„Воениот кабинет ги овласти премиерот Нетанјаху, министерот а одбрана, Гоав Галант, и министерот Бени Ганц да преземат итни чекори за зголемување на хуманитарната помош за цивилното население во Појасот Газа“, се наведува во соопштението.

Како што се додава, помошта ќе придонесе за спречување на хуманитарната криза, но „таа е неопходна и да се обезбеди продолжување на борбите и да се постигнат целите на војната“.

Израел ќе одобри „привремена“ испорака на хуманитарна помош преку израелското пристаниште Ашдод, 40 километри северно од Газа, и преку преминот Ерез, на југот на земјата.

Властите, исто така, ќе дозволат поголема испорака на јорданска помош преку Керем Шалом, граничен премин во јужен Израел.

Се зголемува меѓународниот притисок врз израелската Влада поради хуманитарната катастрофа во Газа. Американскиот претседател Џо Бајден вчера првпат проговори за условена американска помош за Израел. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан