• сабота, 23 ноември 2024

Израел ја уапси сестрата на Исмаил Ханија, лидерот на Хамас

Израел ја уапси сестрата на Исмаил Ханија, лидерот на Хамас

 Ерусалим, 1 април 2024 (МИА) - Израелските безбедносни сили ја уапсија сестрата на лидерот на Хамас Исмаил Ханије во Тел Шева под сомнение дека имала врски со Хамас и учествувала во поттикнување и поддршка на тероризам, објавија изутринава израелските медиуми и израелската полиција.

Во полициското соопштение се наведува дека приведената осомничена е близок роднина на висок член на Хамас. Медиумите објавија дека станува збор за 57-годишната Зебах Абдел Салем Ханије.

Според полициски извори, сестрата на лидерот на Хамас Исмаил Ханије е уапсена под сомнение дека контактирала со оперативци од терористичката група и поддржувала терористички акти.

Во соопштението, полицијата наведува дека при упадот во куќата на осомничената биле пронајдени документи, телефони и други докази кои ја поврзуваат со „сериозни нарушувања на безбедноста“. ссм/

фото: архива/илустрација

Остани поврзан