• сабота, 23 ноември 2024

Израел уби командант на Палестински исламски џихад

Израел уби командант на Палестински исламски џихад

Рамала, 21 март 2024 (МИА) – Командант на Палестински исламски џихад (ПИЈ), група на Хамас, Мухамед Хавашин, почина денеска од повредите кои ги добил во вчерашниот израелски воздушен напад врз Западниот брег.

Во нападот биле убиени вкупно четворица оперативци на ПИЈ, пишува Тајмс оф Израел.

Според израелските одбранбени сили, Хавашин и Ахмед Баракат, еден од четворицата оперативци, стојат зад обидот за самоубиствен бомбашки напад на 11 март во Израел, како и за нападот врз војниците на израелската воена станица Хомеш на 8 март.

Палестински извори на Х соопштија дека Хавашин бил командант на бригадата на ПИЈ во Џенин. јт/

Фото: Х

Остани поврзан