• петок, 05 декември 2025

Израел му забранува на Црвениот крст пристап до палестинските затвореници

Израел му забранува на Црвениот крст пристап до палестинските затвореници

Ерусалим, 29 октомври 2025 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денеска изјави дека му забранил на Црвениот крст пристап до Палестинците кои се притворени од војската на земјата, соопшти неговиот кабинет.

Министерот „потпиша декрет со кој им се забранува на претставниците на Меѓународниот комитет на Црвениот крст да ги посетуваат затворениците кои се држат во согласност со законот за притвор на нелегални борци“, се наведува во соопштението, со тврдење дека таквите посети „би ја загрозиле националната безбедност“ на Израел.

Според израелскиот закон, категоријата „нелегални борци“ овозможува неограничен притвор без никакво обвинение, во воени центри за притвор.

Израелската војска денеска најави враќање на примирјето во Појасот Газа, откако вчера изврши повеќе напади, во кои, според нивни тврдења, биле погодени десетици терористички цели. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан