• петок, 05 декември 2025

Израелски напади ја оштетиле надземната структура на нуклеарниот објект во Натанц, потврди МААЕ

Израелски напади ја оштетиле надземната структура на нуклеарниот објект во Натанц, потврди МААЕ

Виена, 13 јуни 2025 (МИА) – Израелските воздушни напади врз Иран оштетиле делови од надземната инфраструктура на нуклеарниот објект во Натанц, каде Иран збогатува ураниум до 60 отсто, изјави генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, на итна седница на Советот за безбедност на ОН.

– Оштетени се надземните објекти, вклучително и електричната инфраструктура и генераторите за итно напојување, изјави Гроси.

Подземните капацитети, каде се наоѓаат центрофугите, изгледа не се директно погодени, но губењето на напојување може да предизвика дополнителни штети. Околината на објектот не покажува зголемени нивоа на радијација, иако во внатрешноста е регистрирано радиолошко и хемиско загадување.

Натанц е клучен објект во иранската нуклеарна програма. Збогатувањето ураниум до 60 отсто е под прагот од 90 отсто потребни за изработка на нуклеарно оружје. ссм/

фото: архива

Остани поврзан