• недела, 22 декември 2024

Израелски власти: 19 повредени во нападот на Хезболах на север

Израелски власти: 19 повредени во нападот на Хезболах на север

Ерусалим, 6 август 2024 (МИА) - Најмалку 19 лица, вклучително и шест војници, се повредени денеска во северен Израел во напад со беспилотно летало на либанското движење Хезболах, соопштија израелските претставници за вонредни состојби, додека меѓународната заедница се обидува да ги намали тензиите на Блискиот исток каде што се заканува да се прошири конфликтот.

Локалните власти во северен Израел издадоа нови упатства за сите жители „да ги избегнуваат сите несуштински активности и да останат во близина на безбедно подрачје“ до понатамошно известување, пренесе Бета.

Меѓународната заедница се обидува да избегне ескалација во регионот на Блискиот Исток, откако Иран и неговите сојузници ветија дека ќе се одмаздат за убиствата на лидерот на Хамас и воен шеф на Хезболах минатата недела.

Од почетокот на војната во Газа, Хезболах отвори фронт за поддршка на палестинскиот Хамас во јужен Либан и секојдневно разменува оган со Израел.

Во прекуграничното насилство во Либан од октомври загинале најмалку 555 луѓе, вклучувајќи 361 борец на Хезболах и 116 цивили. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан