• петок, 22 ноември 2024

Израелска армија: За девет месеци убиени повеќе од 500 терористички оперативци во Либан

Израелска армија: За девет месеци убиени повеќе од 500 терористички оперативци во Либан

Тел Авив, 26 јули 2024 (МИА) - Началникот на Северната команда на израелската армија (ИДФ), генерал-мајор Ори Гордин изјави денеска дека за време на деветмесечниот конфликт, армијата убила повеќе од 500 терористички оперативци во Либан.

Според „Тајмс оф Израел“, Гордин рекол дека повеќето оперативци се од Хезболах, а уништена е и нивната инфраструктура.

Тој најави дека израелската армија кога ќе момент ќе изврши одлучувачки напад. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан