• петок, 05 декември 2025

Изминатиот викенд санкционирани 1336 сообраќајни прекршоци, 212 за немање возачка дозвола

Изминатиот викенд санкционирани 1336 сообраќајни прекршоци, 212 за немање возачка дозвола

Скопје, 7 јули 2025 (МИА) - Во редовните сообраќајни контроли на патиштата низ земјава спроведени од  полицијата од сите сектори за внатрешни работи, во деновите на изминатиот викенд биле евидентирани  1336 прекршоци за што се издадени платни налози.

Како што соопшти МВР, дури 212 прекршоци се однесуваат на возачи што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Под дејство на алкохол биле откриени  121 возач  и тие се исклучени од сообраќај, а 106 возачи на мотоцикли се санкционирани поради неносење заштитна кацига.

Согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,  168 прекршоци во текот на викендот се однесувале на непочитување на пропишаната брзина на движење, 173 за неправилно паркирање, прекршочно се казнети уште 100 лица кои некористеле сигурносен појас.

-Изречени се 39 санкции за користење мобилен телефон при возење, 15 мерки за минување на црвено светло, а прекршочни санкции добиле и четворица пешаци и двајца возачи на електричен тротинет. Исто така, согласно Законот за возила, 42 возила биле отстранети од сообраќај поради тоа што биле нерегистрирани, а само едно возило поради техничка неисправност, информира Министерството за внатрешни работи.   

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се придонесе за поголема безбедноста на патиштата. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан