• петок, 05 декември 2025

Изминатата седмица санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Изминатата седмица санкционирани 144 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Скопје, 17 ноември 2025 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 10.11. до 16.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 144 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

-За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението од ПОЦ.свс/вј/

Фото: ПОЦ

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан