• понеделник, 23 декември 2024

Изложба „Стаклена соба - Погрешни информации и манипулации на интернет“ во Крива Паланка

Изложба „Стаклена соба - Погрешни информации и манипулации на интернет“ во Крива Паланка

Скопје, 7 февруари 2023 (МИА) - По повод Денот на безбеден интернет, во Европска куќа Крива Паланка денеска ќе биде отворена изложбата „Стаклена соба: Погрешни информации и манипулации на интернет, во организација на Делегацијата на Европската Унија и Македонскиот институт за медиуми. Изложбата претставува атрактивна и едукативна инсталација составена од серија постери, интерактивни апликации и анимации, коишто може да се постават во изложбени простори и да се посетат онлајн.

Како што информираат од МИМ, изложбата им нуди можност на посетителите да дознаат повеќе за погрешните информации и за улогата на интернет-корисниците во нивното ширење, како и за бизнис моделите, дизајнерските тактики и корисничките навики што овозможуваат поволна средина за нивно пренесување. Како дел од поставката подготвено е и Упатство за детоксикација од податоци, вклучително и од погрешни информации, што содржи конкретни совети како паметно и одговорно да се користи технологијата. Како надополнување на изложбата ќе бидат организирани и неколку интерактивни работилници за возрасни и за млади, на кои ќе бидат опфатени теми поврзани со Упатството за детоксикација.

-Изложбата е осмислена и подготвена од Тактикал Тек (Tactical Tech), меѓународна невладина организација со седиште во Берлин, во соработка со повеќе европски партнери, а кофинансирањето е обезбедено преку Европската Унија. По отворањето во 2020 година, изложбата е поставена во 19 земји низ Европа на различни локации, како библиотеки, училишта, излози на продавници, железнички станици, и е достапна на повеќе од петнаесет јазициДосега, поставката ја посетиле над 30.000 посетители ширум Европа и неколку стотини илјади онлајн, соопштуваат од МИМ.фф/мд/

Остани поврзан