• понеделник, 23 декември 2024

Изложба: Попаметни граѓани за интервнеција во јавниот простор

Изложба: Попаметни граѓани за интервнеција во јавниот простор

Скопје, 25 октомври 2023 (МИА) - На изложбата „Попаметен град“, што беше отворена во саботата во рамки на фестивалот АКТО 18, беше изведен дел од перформансот во развој насловен „Попаметни граѓани 01.“

Во работниот процес беа вклучени студенти од Архитектонски факултет и Факултетот за драмски уметности ки други сродни уметнички факултети во земјава.

Овој процес на работа е дел од долгорочниот проект „Градот како сцена: изведување на јавниот простор“, поддржан од Програмата за култура на швајцарската амбасада.

Како што соопштија од фестивалот, проектот „Попаметни граѓани“ во следната фаза 02 ќе биде претставен на овогодинешниот театарски фестивал МОТ. Процесот на работа вклучува развој на метода за читање на градот и на различните урбани контексти кои подоцна ќе имаат за цел да се трансформираат во изведба и/или интервенција во јавен простор. За таа цел на изложбата се дискутираа можни решенија, идеи, како и концепти за јавните простори во Скопје.

Процесот на работа со студентите беше менториран од Филип Јовановски, Миодраг Куч (К/У Берлин) и Борис Бакал (Shadow Casters – Загреб) во соработка со креативниот тим од платформата „Градот како сцена“: Ивана Самандова, Димитар Милев, Мартина Пенева, Тамара Џерков, Андреа Маркоска.

Настанот „Попаметен град- попаметни граѓани“ е поддржан од Министерство за култура, Фондацијата „Хајнрих Бол“ и „Институтот „Гете“.

Партнери на АКТО 18 се Институт за театар од Чешка/Прашко квадриенале за дизајн на перформанс и простор(PQ), ЗК/У-Берлин – Институт за уметност и урбанизам – Берлин, ИЗОЛАТЦИА –Киев, Украина, Shadow Casters(Загреб), Архитектонски факултет – УКИМ Скопје.

Инаку, целиот фестивал АКТО 18 е поддржан од Министерство за култура на Република Северна Македонија, Trust for Mutual Understanding New York, Фондацијата „Хајнрих Бол“,Институтот „Гете“, Европската Унија – проект „Острови на сродство“, проектот „Активен ГРА(Д)/ѓани“ и проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди туку делови од соѕвездија“.бт/са/

Фото: АКТО

Остани поврзан