• петок, 05 декември 2025

Изложба на фотографии од Македонија во 1900 година направени од руската научна експедиција предводена од академик Кондаков

Изложба на фотографии од Македонија во 1900 година направени од руската научна експедиција предводена од академик Кондаков

Скопје, 12 ноември 2025 (МИА) - Во Македонската академија на науките и уметностите од денеска може да се погледнат над 100 фотографии направени од руската научна експедиција која била во научно-истражувачка посета на државава во 1900 година. Станува збор за фотографии направени од неколкучлена експедиција предводена од академик Никодим Павлович Кондаков.   

Фотографиите се направени за време на нивниот тримесечен престој за време на кој биле посетени тогашните поголеми градови и села, како и црквите и манастирите во нивна близина. 

Целокупната збирка од руската научно-истражувачката експедиција во Македонија брои 478 фотографии. Најголем дел од фотографиите се на Д.К. Крајнев, а помалиот број на другите нејзини членови поточно на П.Н. Миљуков, П.П Покришкин и на Марија Сергеева Лаврова, која го придружувала нејзиниот сопруг на ова патување. 

null

Инцијативата да се донесе оваа значајна збирка фотографии во земјава се актуелизираше на почетокот на новиот милениум, а најголема заслуга затоа имаат тогашната директорка на Институтот за фолклор Севим Пиличква и тогашниот амбасадор во Русија, академик Гане Тодоровски. 

- Изложбата има за цел пред македонската културна и научна јавност да ја промовира зборката на форографии од научната експедиција на Руската академија на науаките во Македонија во 1900 година, воедно одбележувајќи 125 години од истражувачката мисија и 100 години од смртта на големиот истражувач Никодим Павлович Кондаков. Досега, оваа вредна фотографска збирка била делумно презентирана, а во најголема мера останала непозната за пошироката јавност. Денеска ја претставуваме во целост истовремено публикувана во засебна фотомонографија. Задоволството е погоемо ако се знае дека во процесот и заложбите за добивање на овој материјал голема заслуга имаш и академик Гане Тодоровски кој од позиција на амбасадор во Руската Федерација ги имал и првите допири со материјаите од збориката, истакна претседателот на МАНУ, Живко Попов. 

null

Копија од целокупната збирка му е предадена на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Прилеп во есента 2003 година. 

Изложбата што денеска беше отворена во Македонската академија на науките и уметностите е дел и од одбележувањето на 75 години од основањето на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Прилеп. бак/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан