• недела, 22 декември 2024

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Тетово, 20 септември 2024 (МИА) - Во Уметничката Галерија Тетово изложени се дела мозаици од авторот Изет Зеќири, актуелен ректор на Универзитетот Мајка Тереза-Скопје, професор по економски науки и поранешен пратеник.  Ова е неговата четврта изложба на мозаици која сега е насловена „Наследството во камен“.  Овие неколку дена јавноста ќе има прилика во просториите на Уметничката Галерија да види 27 изложени дела мозаици.

-Секој мозаик е монументален доказ за пожртвуваноста и издржливоста на нашите предци. Тие содржат целосни архитектонски секвенци од урбани и рурални средини, како што се: тврдините, џамиите, улиците, мостовите на некои наши градови: Скопје, Тетово, Дебар, Елбасан, Скадар итн. Но, пред сè, во фигуративниот аспект доминира мотивот на архитектонскиот пејсаж и фигурата на човекот како градител насето она што го содржат овие мозаици. За издвојување е ликот на жената Албанка, која некогаш се појавува како мајка, а некогашкако домаќинка, односно се појавува во улога на оската на албанското општество. Во меѓувреме, друга доминантна карактеристика во овие мозаици е - мостот, која е дел од град или село, што во утилитарна смисла го претставува објектот за поврзување на едната страна со другата страна на локалитетот. Додека во неговата уметност го симболизира оној објект која низ вековите ги поврзува културите, традициите, времињата и народите, се вели во стручниот осврт на проф. Миџаит Положани за каталогот на изложбата, информираат од Уметничка Галерија Тетово.

Мозаичните слики содржат структури изградени или врежани во камен, се вели во освртот на Положани кој посочува и дека секоја од има историско, културно, архитектонско и уметничко значење. ас/дма/


фото: Уметничка Галерија 

Остани поврзан