• недела, 07 јули 2024

Изложба на македонска илустрација „Дом без граници“ во Хрватска

Изложба на македонска илустрација „Дом без граници“ во Хрватска
Скопје, 14 септември 2022(МИА)-Изложба на македонска илустрација „Дом без граници“ синоќа беше отворена во Галеријата на ликовните уметници на Пазин, во Хрватска, во рамки на фестивалот за сликовници „Овца во кутија“, информираат од фестивалот за литература за деца и илустрација „Литера“. -Чест ми е и задоволство што заедно со дел од тимот на фестивалот „Литера“ од Македонија втора година по ред сме дел од прекрасната и возбудлива приказна наречена „Овца во кутија“. Со нас носиме искрена македонска благодарност што имаме можност заедно со вас да ја вдишиме креативната енергија која деновиве е измешана со воздухот во прекрасниот Пазин, изјави Софија Семенпеева-Трајановска, основач на „Литера“, на отворањето на изложбата „Дом без граници“ во Пазин, Хрватска. Илустрации на Кристијан Јованоски, Инес Ефремова, Надица Златкова-Митевска и Наташа Андонова од синоќа се изложени во Галеријата на ликовните уметници во Пазин. - Особена благодарност од целиот тим на фестивалот „Овца во кутија“ што срдечно ги отвора вратите за македонската илустација и што ни ја даде можноста да претставиме едно многу мало, но исклучително важно делче од современата македонска уметност. Со голема радост и одговорност го прифативме предизвикот да претставиме група инспиративни илустратори од нашата држава, рече Семенпеева-Трајановска. Маја Зрнчиќ, претставничка од Министерството за култура на Хрватска, од секторот наменет за деца и млади, истакна дека вакви соработки треба да продолжат и во иднина и во други форми.ир/лв/    

Остани поврзан