Изложба на дигитални цртежи од Игор Поп Трајков во галерија „Ко-Ра“
- Во галеријата „Ко-Ра“ вечерва во 20:00 часот ќе биде отворањето на изложбата на дигитални цртежи од Игор Поп Трајков со наслов „Мината иднина“.
Скопје, 14 јули 2022 (МИА) - Во галеријата „Ко-Ра“ вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата на дигитални цртежи од Игор Поп Трајков со наслов „Мината иднина“.
Проектот е поддржан од Министерството за култура, Град Скопје и од Домот на културата „Кочо Рaцин“ - Скопје.
Ова е трета самостојна изложба на авторот во која повторно го истражува светот на дигиталните слики. Тој истражува варијации на историски, психолошки и теми од историјата на уметноста.
Игор Поп Трајков, кој има многу самостојни изложби, е активно присутен и во сферата на поезијата, прозата, како и познавач на визуелните уметности, а особено филмската и драмска уметност, тој своите инспирации ги преточува во дигитални цртежи, колажи како дел од визуелната уметност.
Тој исто така е влијателен писател, режисер, критичар, куратор, теоретичар, новинар, интелектуалец и активист во многу области, а учествувал на бројни меѓународни натпреварувања во различни области. сх/сп/