• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Изложба на Горан Боев во КИЦ-Скопје

Изложба на Горан Боев во КИЦ-Скопје

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - „Од спомени до боја: Горан Боев и патот до искреното сликарство” е насловена изложбата на најнови ликовни дела од академскиот сликар Горан Боев од Кавадарци, која вечер од 19 часот ќе биде отоврена во Културно-информативниот центар во Скопје.

Изложбата ја организира Музеј-Галерија Кавадарци во соработка со КИЦ-Скопје и со поддршка од Министерството за култура и туризам. Организатирот посочува дека „преиспитувањето на сопствениот сликарски ракопис е суштински дел од процесот на раст на Боев и еволуција како уметник“. 

-Горан Боев е еден од најталентираните уметници на Македонија кој во својата потрага по убавината на најдобар начин не потсетува на нашата богата традиција, на боите на нашата земја и топлината, добрината и кроткоста на луѓето од нашата земја ... Во неговиот последен циклус на слики, Горан Боев го поставува најважното прашање кое секој уметник го носи во себе: Што е тоа сликарство? Ова прашање кое го носи како мотивација во своето творештво, го води на патување низ себе, низ неговите траги и сеќавања во потрага по суштинската емоција и длабочина на личната илустрација на животот,  се наведува во најавата за настанот.

Горан Боев (1982, Кавадарци) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 2005 година, во класата на проф. Благоја Маневски. На ФЛУ ги завршил и постдипломските студии, под менторство на проф. Симон Шемов. Од 2007 до 2011 година работел како помлад асистент на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје, бил и професор по ликовно образование во гимназијата „Добри Даскалов" во Кавадарци и од 2011 до 2017 година - зограф иконописец во „Св. Јован Крстител" - Бигорски манастир.

Сега е вработен како наставник по ликовно образование во основното училиште „Димката Ангелов - Габерот“ во Кавадарци. Има реализирано над десетина самостојни изложби во земјата и учествувано на многу групни изложби - домашни и меѓународни. хс/мд/

Фото: КИЦ-Скопје 

Остани поврзан