• понеделник, 23 декември 2024

Изложба на воздухоплови, возила и опрема кои се дел од вежбата „Брз одговор 23“ на спортскиот аеродром „Аџитепе“  во Куманово

Изложба на воздухоплови, возила и опрема кои се дел од вежбата „Брз одговор 23“ на спортскиот аеродром „Аџитепе“  во Куманово

Скопје, 21 мај 2023 (МИА) - На спортскиот аеродром „Аџитепе“ во Куманово, денеска од 11:00 до 14:00 часот, ќе се одржи изложба и презентација на средства и опрема на армиите кои учествуваат на големата меѓународна воена вежба „Брз одговор 23“ („Immediate Response 23“).

Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со дел од воздухопловите, воените возила и опремата кои се користат од страна на Армиите на Соединетите Американски Држави и на Република Северна Македонија.

На приказот граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со воените хеликоптери од типот „AH-64 APACHE“, транспортен хеликоптер „UH-60“ (black hawk), транспортен хеликоптер „CH-47“ (Chinook), транспортен медицински хеликоптер „HH-60“ (black hawk), транспортен хеликоптер „Ми 8/17“ и оклопни возила „JLTV”, Хермелин и „HMMWV“.

Покрај презентацијата, присутните, преку директна комуникација со армиските припадници поблиску да се запознаат со карактеристиките на средствата, постапките и процедурите кои ги извршуваат армиските припадници и да се фотографираат со истите.

Презентацијата е во организација на Армијата на Република Северна Македонија и Армијата на САД за Европа и Африка.

Вежбата „Immediate Response 23“ која ќе отпочне од 22.мај ќе биде најголема реализирана вежба во Република Северна Македонија, оваа година со учество на Армии на 4 НАТО земји и една партнерска земја: Република Северна Македонија, Соединетите Американски Држави (Националната гарда на Минесота), Албанија, Црна Гора и како земја партнер на НАТО Косово, со вкупно околу 1850 учесници. дма/нд/

Фото: Армија на Република Северна Македонија

 

 

Остани поврзан