• понеделник, 25 ноември 2024

Изложба „Бајката и бајковидното“ во Галерија „КО-РА“

Изложба „Бајката и бајковидното“ во Галерија „КО-РА“
Скопје, 5 април 2023 (МИА) - По повод светскиот Ден на бајката, во Галерија „КО-РА“ -голем салон отворена е голема мултимеидјална изложба насловена „Бајката и бајковидното“.
 
Свеченото отворање го одбележа настапот на хорот ХМД „Кочо Рацин“ од Скопје со диригентката Ангелина Спасовска и Женската вокална група „Смирна“. За детските бајки говореше д-р Виолета Наумовска. 
 
Изложбата ја отвори историчарката на уметноста  Виолета Калиќ, стручен соработник зa  визуелни уметности, дизајн и архитектура во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, која како куратор на овој проект ја истакна разнообразноста на ликовниот израз  во духот на индивидуалниот инкарнат кај секој автор одделно, но и поривот  за детерминирање на тие разнородни сигнатури, кои  се предизвик  за разнородно интерпретирање на бајката како феномен,  кој е именентен во генезата почнувајќи од древните цивилизации и култури речиси на сите континенти и воедно обединува  бројни уметности и предизивик е да биде аналитично третиран   на интердисциплинарен начин.
 
 
Оваа изложба здружува бројни учесници од различни генерации, сликари, графичари, илустратори, модни дизајнери, но и представници од светот на музиката, поезијата, обарзованието, како и телевизиската, балетската  и филмска уметност.
Во тој контекст е најавена и панел дискусијата  во рамките на истиот проект  во текот на оваа. Панел дискусијата на тема Правиот пат до создавање детска литература“ е предвиден во петок, 7 април, во 19 часот во Галерија „КО-РА“ - голем салон.
 
На оваа тематска изложба „Бајката и бајковидното“ учествуваат: проф д-р Дита Старова Ќерими, д-р Ангелина Поповска, м-р Марија Светиева Ергас, м-р Зоран Јакимовски, м-р Наталија Пулејкова Радеска, Решат Амети, Наим Исени (Канада), м-р Валентина Илијевска, м-р Христина Зафировска, м-р Билјана Билбилоска,  м-р Шчипе Мемети, Афродита Кики, м-р Маја Танева,  Емилија и Стојче Тоциновски,  Љупчо Бојаров, м-р Назли Џан, м-р Славица Танеска, Билгаиб Кочишта Биге, м-р Нела Јанковска, Зулејха Зубери Али, м-р Борјана Божиновска,  Ангелца Стоиљковиќ, м-р Жанета Радевска Спировска,  Виктор Бранѓолица, Катерина Биновска, Стефан Димовски, Маја Николовска, м-р Борјана Божиновска, м-р Перо Кованцалиев,  Дарко Бојовски, проф д-р Биљана Петановска Илиевска, Елизабета Костова, Гордана Винчиќ (Шведска), Анита Огњановска, Мартин Буровски, Адријана Андреева-Ани Соро, Виолета Николова, Сузана Арсова, Еми Норис,  Ленче Коцевска, Дијана Петкова,Тања Кузманоска,  Маја Андонова Јокиќ, Јорданка Мирковска, креаторката Невенка Туниќ,..., информираат од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“./

Остани поврзан