• недела, 22 декември 2024

Излезни анкети: Актуелниот претседател на Тунис убедливо победи на изборите

Излезни анкети: Актуелниот претседател на Тунис убедливо победи на изборите

Тунис, 7 октомври 2024 (МИА) – Тунискиот претседател Каис Сајед освои 89,2 отсто од гласовите на вчерашните претседателски избори, јави државната телевизија, повикувајќи се на излезни анкети.

Доколку се потврди овој резултат, нема да има втор изборен круг.

Изборната комисија официјалните резултати ќе ги соопшти утревечер.

Сајед беше фаворит за освојување на својот втор претседателски мандат, откако неговиот главен ривал беше затворен минатиот месец, а другиот противник беше лидер на помала политичка партија.

Политичките случувања во Тунис се сметаа за единствената релативно успешна приказна од Арапската пролет во 2011 година поради воведувањето на демократијата по децениското автократско владеење. Сепак, групите за човекови права тврдат дека Сајед, кој е на власт од 2019 година, променил дел од демократскиот развој со отстранување на институционалните и законските ограничувања на неговата моќ.

Сајед (66) ги отфрла ваквите критики. Тој тврди дека се бори против корумпираната елита и предавниците и оти нема да биде диктатор. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан