• петок, 22 ноември 2024

Излезните анкети предвидуваат победа на партијата на премиерот Моди на парламентарните избори во Индија

Излезните анкети предвидуваат победа на партијата на премиерот Моди на парламентарните избори во Индија

Њу Делхи, 1 јуни 2024 (МИА) - Коалицијата предводена од партијата на индискиот премиер Нарендра Моди, Индиската народна партија, ќе освои мнозинство на парламентарните избори во Индија што завршуваат денеска, покажуваат излезните анкети на индискиот информативен канал NDTV.

Две излезни анкети предвидуваат дека владејачката Национална демократска алијанса (НДА) би можела да освои повеќе од 350 места во 543-члениот Долен дом на индискиот Парламент, во ој за просто мнозинство се потребни 272 пратеници, јавија британските медиуми.

На последните избори во 2019 година НДА освои 353 места во парламентот.

Анкетите предвидуваат дека опозициската коалиција - Индиската алијанса за инклузивен национален развој - предводена од Конгресната партија ќе освои повеќе од 120 места.

На парламентарните избори во Индија, кои почнаа на 19 април и се одржаа во седум фази, од кои последната се одржува денеска, право на глас имаа околу 970 милиони гласачи.

Гласовите ќе се бројат до 4 јуни, кога се очекува да бидат објавени изборните резултати. сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан