• понеделник, 23 декември 2024

Изградена улицата 81 во Волково, продолжуваат градежните активности за нови улици во Ѓорче Петров

Изградена улицата 81 во Волково, продолжуваат градежните активности за нови улици во Ѓорче Петров
Скопје, 29 август 2022 (МИА) - ЈП „Улици и патишта“ Скопје соопшти дека изградена е улицата 81 во населено место Волково и дека продолжуваат со градежни активности за нови улици во општина Ѓорче Петров. Во пет населени места во општината Ѓорче Петров, како што посочуваат од претпријатието, интензивно се работи на изградбата на уличната мрежа и се вршат активности за изградбата на повеќе од 20-тина улици. Од ЈП „Улици и патишта“ Скопје информираат дека по налог на Град Скопје денеска нивни екипи работат на изградба на кракот 2 од улицата 81 во населеното место Волково, а деновиве го асфалтираа кракот 1 од улица 81 на површина од 800 квадратни метри. Од почетокот на оваа градежна акција, асфалтирани се улиците 46, 46А, 68, 4, 6 и 10 во населеното место Кисела Јабука, улиците 3, бб, 73, 21, 23, 77, улица 100 десен крак и крак 1 од улица 81 во населеното место Волково, како и улица 1 лев крак и улица 1 десен крак во населенoто место Ново Село. Градежните активности на терен и во наредниот период продолжуваат со забрзана динамика со цел изградба на патна инфраструктура во должина од пет километри, истакнуваат од претпријатието. рп/са/  

Остани поврзан