• петок, 05 декември 2025

Изградба на дом за стари лица една од темите на средбата на Герасимовски со претставници на Здружението на пензионери на општина Центар

Изградба на дом за стари лица една од темите на средбата на Герасимовски со претставници на Здружението на пензионери на општина Центар

Скопје, 30 октомври 2025 (МИА) - Здружението на пензионери на општина Центар на средбата со кандидатот за нов мандат, Горан Герасимовски, ја потврди својата поддршка за него во вториот круг од локалните избори. Герасимовски, заблагодарувајќи им се на пензионерите, истакна дека нивната поддршка многу му значи, соопштија утрово од тимот на Герасимовски.

- Тоа е генерација која заслужува внимание, почит и помош, а јас како градоначалник, заедно со мојот тим, секогаш сме излегувале во пресрет. Им благодарам што го препознаа сето она што го правиме за нив, преку разни проекти и иницијативи. На средбата разговаравме и за идните планови, како и за можностите за унапредување на квалитетот на нивниот живот, се наведува во пишаната изјава на Герасимовски.

На средбата се разговарало и за новата програма, каде се предвидува изградба на дом за стари лица, како што се појаснува, највозрасните ќе можат да домуваат по субвенционирана цена.

- Здружението изрази надеж дека одличната соработка со Општина Центар, а особено со градоначалникот Герасимовски, ќе продолжи и во иднина. Пензионерите изразија задоволство од проектот „Сервис за стари лица“, како и од континуираната соработка со општината и нивната вклученост во креирање на политиките на локалната самоуправа, се додава во соопштението од тимот на Герасимовски. бд/са/

Фото: Тим на Горан Герасимовски

Остани поврзан