Извештај за безбедност: Стотици напади врз полицијата и медиумите на северот на Косово
- Министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечља изјави дека борбата против организираниот криминал е приоритет за Владата.
Приштина, 11 декември 2024 (МИА) - Косовскиот Институт за безбедност и отпорност – PREVENT објави извештај насловен „Безбедност на северот на Косово по терористичките напади во Бањска и каналот Ибер-Лепенц: Кои се следните чекори?“, јави РТК.
Во извештајот се наведува дека „повеќе од една година по српскиот терористички напад во селото Бањска, Звечан, водачот на оваа група, Милан Радоичиќ, останува неказнет и заштитен во Србија. По нападот во Бањска, северниот дел на земјата беше цел и на друг терористички напад врз водоснабдителниот канал Ибер-Лепенц“.
Министерот за внатрешни работи на Косово Џелал Свечља изјави дека борбата против организираниот криминал е приоритет за Владата.
- Од нашите почетни активности, се соочивме со терористички акти врз полицајци, како и барикади кои го попречуваа слободното движење. Регистриравме стотици напади врз полицијата, медиумите и граѓаните, сите поврзани со Србија. Сепак, нашата посветеност на борбата против организираниот криминал останува силна, изјави тој.
Извештајот ја анализира безбедносната ситуација во северните општини на Косово по нападите од 24 септември 2022 година и 29 ноември 2024 година. ссм/
фото: архива