• сабота, 04 април 2026

Изведба на детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“

Изведба на детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“

Скопје, 4 април 2026 (МИА) - На големата сцена на Националната опера и балет, денеска со почеток во 11.00 часот, ќе се изведе детската интерактивна музичка претстава „Операта на шумските животни“, наменета за најмладата публика на возраст од 6 до 11 години.

Автор на идејата, сценариото, режијата, костимографијата и сценографијата е Десанка Глигоријевиќ.

„Операта на шумските животни“ е интерактивна музичко-драмска претстава со едукативен карактер, која има за цел да ја доближи оперската уметност до најмладите. Преку динамична и духовита приказна, исполнета со комични ситуации, шумските животни се обидуваат да создадат сопствена оперска претстава, додека музичкиот дел вклучува адаптирани арии од познати оперски дела.

Претставата активно ја вклучува публиката, поттикнувајќи ја детската имагинација, креативност и љубопитност, нудејќи им на најмладите уникатно доживување и прв допир со оперската сцена.

Улогите ги толкуваат - Невен Сиљановски, Надежда Рубен, Марика Поповиќ и Дејан Стоев. нд/вј/

Фото: Плакат

Остани поврзан