• среда, 27 ноември 2024

Избор на критичарите: најдобар филм е „Беше еднаш во Холивуд“

Избор на критичарите: најдобар филм е „Беше еднаш во Холивуд“
Лос Анџелес, 13 јануари 2020 (МИА) - Во Холивуд синоќа беа доделени наградите според Изборот на американско-канадските критичари, а онаа за најдобар филм ја доби „Беше еднаш во Холивуд“, на Квентин Тарантино. Филмот, според критичарите, го има и најдоброто оригинално сценарио. Наградата за најдобра машка главна улога отиде кај Хоакин Феникс за филмот „Џокер“. Онаа за најдобра глумица - кај Рене Зелвегер за „Џуди“. Наградата за режисер на годината ја поделија Бонг Џун Хо за филмот „Паразит“ и Сем Мендез за „1917“. Најдобри споредни актери се Бред Пит („Беше еднаш во Холивуд“) и Лора Дерн („Брачна приказна“). За најдобар млад глумец е прогласен Робин Грифин Дејвис во филмот „Џоџо Рабит“. Најдоброто адаптирано сценарио, според критичарите, го има „Прекрасен ден во соседството“. Тоа е напишано од Ноа Харпстер и Мика Фицерман-Блу. си/ми/

Остани поврзан