• петок, 05 декември 2025

Изборот на нов претседател на Советот на ЈО одложен за по изборите, со советот ќе раководи заменик претседателот Башким Бесими

Изборот на нов претседател на Советот на ЈО одложен за по изборите, со советот ќе раководи заменик претседателот Башким Бесими

Скопје, 30 септември 2025 (МИА) - Советот на јавните обвинители денеска ја одржа 28-та седница на која донесе одлука за престанок на функцијата претседател на Советот Душица Димитриеска, поради истек на мандат на 1 октомври годинава, а изборот на нов претседател го одложи додека траат локалните избори, така што до изборот на нов претседател со Советот на јавните обвинители ќе раководи заменик претседателот на Советот, Башким Бесими.

Под точка разно, се вели во соопштението по седницата, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски се осврнал на проблемите со кои се соочува обвинителството, со недостиг на јавнообвинителски кадар, јавнообвинителски службеници, како и финансиски средства за нормално функционирање на јавното обвинителство. аа/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан