• недела, 22 декември 2024

Изборот на калиум-хлорид наместо сол, го подобрува здравјето

Изборот на калиум-хлорид наместо сол, го подобрува здравјето

Лос Анџелес, 24 август 2022 (МИА) - Ако се придржувате до здрава исхрана, тогаш се знае дека таа треба да вклучува многу зеленчук и овошје, а и да се внимава на дневниот внес на шеќер, масти и сол. Едно истражување сега посочи навика во исханата што може да биде значајна за намалување на опасностите од болести и смрт.

Тоа е солта со пониска содржина натриум. Анализата неодамна објавена во списанието „Харт“ опфаќа вкупно 31.949 учесници. Истражувањето за тоа како замената на сол може да влијае на здравјето, покажа дека намалувањето натриум-хлорид во солта барем за 10 отсто, носи снижување на систолниот и дијастолниот крвен притисок. Тоа, исто така, ги забавува кардиоваскуларните проблеми и можноста од смртност. Резултатите беа конзистентни кај учесниците на различни возрасти, места и методот на испитувања. „Овие наоди би можеле да доведат до тоа - замената на сол да стане рутина во клиничката пракса и политиката за јавно здравје како стратегија за намалување на внесот на натриум во исхраната, зголемување на внесот на калиум, намалување на крвниот притисок и спречување на големи кардиоваскуларни проблеми“, објаснува написот. И нутриционистката Џен Хернандез тврди оти замената на сол може да биде поздрава опција за многу луѓе. - Тоа е така затоа што основната состојка што се користи за солениот вкус е калиум-хлорид наместо натриум-хлорид. Исто така, најпопуларните видови сол се на база на калиум или мононатриум глутамат, појасни таа. Повеќето луѓе би можеле да имаат корист од намалувањето на внесот на натриум, што е она што ги прави замените за сол толку привлечни. Најчестиот тип на замена за сол е калиум хлорид, којшто обезбедува сличен солен вкус без натриум. Не само што изборот помага да се намали внесот на натриум, туку и да се зголемите внесот на калиум без да се јаде повеќе. - Просечниот внес на калиум кај мажите е само 3.016 милиграми дневно, додека препорачаната количина е 3.400 милиграми дневно. Жените во просек добиваат 2.320 милиграми калиум на ден. додека препорачаната дневна количина е 2.600 милиграми. Може да користите, како замена за солта - и кујнска сол. Додадете го секогаш кога готвите зеленчук, печете храна, зачинувате месо, солена вода за тестенини и слично, додаде Хернандез. Замените понекогаш нема да бидат 1:1 во печењето, па не треба да се заборави да се прочитаат препораките на производителот за рецептите за печење.  си/

Остани поврзан