• петок, 22 ноември 2024

ИЗБОРИ 2024/ Шаќири: Уште не е одлучено кој ќе биде носител на пратеничката листа на ДУИ во ИЕ 5, добродојдено е секое обединување

ИЗБОРИ 2024/ Шаќири: Уште не е одлучено кој ќе биде носител на пратеничката листа на ДУИ во ИЕ 5, добродојдено е секое обединување

Скопје, 28 февруари 2024 (МИА) - Министерот за образование и наука и член на Претседателството на Демократската унија за интеграција, Јетон Шаќири соопшти дека неговата партија уште не донела одлука кој ќе биде носител на листата за пратеници во Петтата изборна единица. 

На прашањето дали би било прифатливо Зијадин Села од Алијанса за Албанците да биде носител на пратеничката листа во ИЕ 5, Шаќири во вечерашното гостување на ТВ21 рече дека е добредојдено секое обединување за зголемување на пратениците во оваа изборна зона.

- Не можам да зборувам во име на огранокот, можам да зборувам во мое име затоа што сум член на огранокот и член на Претседателството, но секоја одлука мора да се донесе од органите на партијата. Се додека немаме нешто официјално, не би сакал да коментирам, но секој би бил добредојден. Тоа е многу важно за Петтата изборна единица, бидејќи секој пат сме покажале максимален резултат таму и мора да дадеме се од себе за да ги постигнеме тие резултати. Би рекол дека секое обединување за да се зголеми бројот на пратеници во однос на претходната година - би било добредојдено, рече Шаќири.

Во однос на порастот на платите на вработените на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и реакциите на синдикатите на другите јавни универзитети зошто тие не добиле покачување, Шаќири како министер за образование и наука нагласи дека до овој момент ниту еден синдикат или универзитет не се обратил до Министерството за образование и наука со такво барање.

- Елементот е од правен карактер, односно ограничувањата што произлегуваат од Изборниот закон. Ќе треба да ги видиме и да ги земеме предвид. За мене е многу поважна позитивната иницијатива за покачување на платите на јавен универзитет за да продолжи поддршката што ќе ја имаат сите други јавни универзитети во државата, рече Шаќири. фф/бак/

Фото: Принтскрин 

Остани поврзан