• понеделник, 23 декември 2024

Избори ќе има согласно законските рокови, вели Ковачевски

Избори ќе има согласно законските рокови, вели Ковачевски

Скопје, 1 ноември 2023 (МИА) - Кога ќе се постигне договор за точниот датум за претседателски и парламентарни избори, јавноста ќе биде информирана. Согласно законот 100 дена пред одржувањето на Парламентарните избори ќе се формира техничка Влада, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Одговарајќи на новинарски прашања по обраќањето на настанот по повод Националниот ден на осигурувањето - 1 Ноември, тој нагласи дека избори ќе има, бидејќи истекува мандатот на претседателот и мандатот на парламентот. 

- Во однос на тоа кога точно ќе бидат изборите ќе може да биде информирана јавноста кога ќе се постигне договор во однос на точниот тајминг во рамки на Парламентот. Парламентот ќе треба да ја донесе таа одлука, а претседателот на Собранието ги распишува изборите, рече Ковачевски.

Според него, треба да се има предвид дека во пролетните месеци има и верски празници кои грѓаните ги почитуваат. 

- Имајќи ги предвид сите овие претпоставки ќе биде донесен и датум, нормално во законските рокови, со оглед на тоа дека во нашиот Закон постои обврска за техничка влада, таа ќе биде 100 дена пред одржувањето на Парламентарните избори, така како што било и до сега, истакна премиерот Ковачевски. 

На прашањето дали разговараат со ДУИ за заеднички настап на претседателските или на парламентарните избори, тој одговори дека за настапот на избори јавноста ќе биде информирана кога ќе донесат одлука телата на партиите. сс/аа/

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан