• понеделник, 23 декември 2024

ИДФ тврди дека убила двајца команданти на Хезболах

ИДФ тврди дека убила двајца команданти на Хезболах

Тел Авив, 10 октомври 2024 (МИА) - Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека двајца команданти на Хезболах се убиени во воздушен напад во јужен Либан.

Според војската, еден од убиените команданти бил Ахмад Мустага Алхаџ Али, одговорен за истрелување на стотици ракети и противтенковски проектили врз градот Кирјат Шмона во Израел, објави Тајмс оф Израел.

Вториот убиен е Мухамед Али Хамдан, командант на противтенковскиот корпус во Меис Еј Џабал, преку границата од Кирјат Шмона. ИДФ тврдеше дека тој стои и зад многу напади врз северните заедници.

Армијата, исто така, објави дека вчера и во текот на ноќта гаѓала магацини со оружје во Јужен Либан и Бејрут. мс/

фото: ДПА

Остани поврзан