• понеделник, 23 декември 2024

ИДФ ја проширува копнената офанзива во Либан

ИДФ ја проширува копнената офанзива во Либан

Тел Авив, 8 октомври 2024 (МИА) - Израелската армија ја засили копнената офанзива во јужен Либан, распоредувајќи четврта дивизија во борбата против исламистичката милиција Хезболах.

Армијата соопшти дека 146-та резервна дивизија дејствува во западниот сектор на јужен Либан од понеделникот.

Извештаите покажуваат дека три други израелски дивизии моментално се распоредени во централниот и источниот сектор на фронтот.

Хезболах, поддржан од Иран, започна напади врз Израел изминатата година, тврдејќи дека дејствува „во солидарност“ со Хамас во Појасот Газа.

Сегашната цел на Израел е да ја оттурне милицијата од границата, дозволувајќи им на приближно 60.000 евакуирани Израелци да се вратат во своите домови. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан