• петок, 22 ноември 2024

ИДФ пред израелскиот воен кабинет претстави план за евакуација на палестинските цивили од Рафа

ИДФ  пред израелскиот воен кабинет претстави план за евакуација на палестинските цивили од Рафа

Тел Авив, 26 февруари 2024 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) пред воениот кабинет презентираа план за евакуација на палестинските цивили од борбените зони во јужниот палестински град Рафа, во Појасот Газа, како и оперативната стратегија за следните чекори, соопшти  кабинетот  на премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Армијата „на воениот кабинет му презентираше план за евакуација на населението од борбените зони во Газа, заедно со претстојниот оперативен план“, се наведува во синоќешното соопштение на ИДФ пренесено од „Тајмс од Израел“.

Во него се додава дека владата одобрила испорака на хуманитарна помош за Газа „на начин што ќе го спречи грабежот што се случи на северот на Појасот Газа, но и во другите области“, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Израел продолжува со плановите за воена офанзива во Рафа, градот што го смета за последно упориште на Хамас во Појасот Газа, и што во моментов е дом и за повеќе од 1,2 милиони раселени Палестинци кои веќе избегаа од израелските напади на северот на палестинската енклава.

Хуманитарните групи предупредија на потенцијална нова хуманитарна катастрофа бидејќи Рафа е главна влезна точка за помошта за Газа, а САД и другите сојузници му порачаа на Израел дека мора да избегне да им нанесува штети на цивилите. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан