• петок, 22 ноември 2024

ИДФ негираше дека нападнала луѓе додека чекале хуманитарна помош во Појасот Газа

ИДФ негираше дека нападнала луѓе додека чекале хуманитарна помош во Појасот Газа

Ерусалим, 15 март 2024 (МИА) - Израелската армија (ИДФ) денеска негираше дека нападнала група луѓе кои чекале хуманитарна помош во северниот дел на Појасот Газа.

„Извештаите во медиумите според кои израелските сили нападнале десетици жители на Газа на местото на дистрибуција на помош се неточни“, се наведува во краткото соопштение на ИДФ, во кое се прецизира дека „го анализира инцидентот“.

Министерството за здравство на палестинското движење Хамас утринава соопшти дека 29 лица загинале, а повеќе од 150 се повредени во нападот на израелската страна врз луѓе кои чекале хуманитарна помош.

„Израелските окупациски сили нападнаа група граѓани кои чекаа хуманитарна помош. 29 мртви тела и 155 повредени лица се префрлени во болницата Ал-Шифа“, соопшти Министерството.

Француските медиуми јавуваат дека нивните репортери виделе бројни амбулантни возила како ги превезуваат повредените од местото на нападот до болницата. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан