• четврток, 21 ноември 2024

ИДФ: Заврши широкиот бран напади врз штабовите на Хезболах низ Либан

ИДФ: Заврши широкиот бран напади врз штабовите на Хезболах низ Либан

Тел Авив, 29 септември 2024 (МИА) - Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека заврши широкиот бран напади врз командните простории на Хезболах низ Либан.

Десетици воени авиони учествуваа во нападите, погодувајќи околу 120 локации на Хезболах во јужен Либан и длабоко во земјата, соопшти ИДФ.

„Целите вклучуваа командни простории на различни единици на Хезболах и други објекти каде оперативците планираа да извршат напади“, соопшти војската. паг/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан