„Игри без граници“ со лицата со Даунов синдром
- Во организација на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром Трисомија 21-Скопје и студентите од Филозофски факултет при УКИМ денеска се одржа третиот рекреативниот настан „Иг
Скопје, 30 октомври 2022 (МИА) - Во организација на Здружението за помош и поддршка на лица со Даунов синдром Трисомија 21-Скопје и студентите од Филозофски факултет при УКИМ денеска се одржа третиот рекреативниот настан „Игри без граници“ каде учесници беа лицата со Даунов синдром.
-Во овој последен сончев викенд во месец Октомври, месецот за подигање на јавната свеста за постоењето и потребите на лицата со Даунов синдром, порачуваме дека Ние сме тука мегу вас, сакаме да пееме, да танцуваме, да спортуваме и највеќе сакаме да ни подадете рака да се дружиме со вас, се наведува во соопштението на Трисомија 21. бк/