• сабота, 23 ноември 2024

Играчите во НХЛ ќе бидат подложени на брзи тестови на коронавирус пред натпреварите

Играчите во НХЛ ќе бидат подложени на брзи тестови на коронавирус пред натпреварите
Вашингтон, 12 февруари 2021 (МИА) – Раководството на најсилната хокеарска лига на светот – НХЛ, одлучи да воведе брзо тестирање на играчи за коронавирус пред натпреварите. Резултатите од тестовите ќе бидат готови во рок од 30 минути. Оваа одлука беше донесена откако Вегас дозна за позитивен тест на напаѓачот Томаш Носек за време на натпреварот од регуларната сезона против Анахајм. Покрај тоа, хокеарите ќе продолжат да подлежат на тестирање на ПЦР, чии резултати доаѓаат 12-24 часа по земањето брис. зс/

Остани поврзан