• среда, 21 јануари 2026

Ивасава Јуџи нов претседател на Меѓународниот суд на правдата

Ивасава Јуџи нов претседател на Меѓународниот суд на правдата

Хаг, 3 март 2025 (МИА) - Меѓународниот суд на правдата (МСП) денеска соопшти дека го избрал Ивасава Јуџи од Јапонија за нов претседател на судот кој ќе го продолжи мандатот на поранешниот претседател Наваф Салам.

Салам поднесе оставка во јануари за да стане премиер на Либан. Тој стана член на Меѓународниот суд на правдата, највисокиот суд на Обединетите нации, во 2018 година, а минатиот февруари беше избран за претседател на тој суд со тригодишен мандат. паг/

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан