• понеделник, 23 декември 2024

Ивановски: Ќе го дигитализираме вадењето градежни дозволи, ќе го исклучиме човечкиот фактор за да нема корупција

Ивановски: Ќе го дигитализираме вадењето градежни дозволи, ќе го исклучиме човечкиот фактор за да нема корупција

20 февруари 2024 

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,
На вчерашната прес конференција обелоденивме дел од програмата која ќе биде за наредните избори на 8 мај.
Денеска се задржуваме на два проекти од областа на урбанизмот, од кои и двата се многу битни за граѓаните на Република Македонија.
Првиот се вика БИМ, односно Building Information Modeling. Во еден животен век огромен број на граѓани во Република Македонија имаат потреба од градба, доградба или реконструкција, а истава потреба  се однесува и за бизнис секторот во Македонија. Целта на овој проект е исклучување на човечкиот фактор при вадење на градежни дозволи. Ќе се воспостави  стандардизација при изготвување на документација за добивање на дозволи за градба со помош на иновативни софтверски платформи за автоматска проверка.
Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе воведe БИМ технологија со која се решаваат наталожените проблемите со проектирањето, брзината и квалитет на градење.
Оваа БИМ технологија овозможува брзо и квалитетно проектирање каде наместо мануелна контрола од проектите на администрацијата, овозможува софтверска, а не фактор човек контрола на проектите со што се добива брза и квалитетна контрола, без субјективизам и што е најважно без коруптивни елементи во истите. Со оваа технологија ќе се скрати времето на проектирање и времето за добивање на одобренија за градба, надградба и реконструкција.
На системот, односно на софтверот ќе му се задаваат сите параметри на законските норми и правилници од соодветната област во градежништво и согласно овие параметри системот ќе контролира за исправноста на поднесените проекти. Повторувам, ќе контролира системот, а не човечкиот фактор во администрацијата.
Со овој начин на проектирање и добивање на одобрение за градба од една страна драстично ќе се скрати времето, ќе ги намали трошоците,  ќе ја искорени корупцијата, а на граѓаните и инвеститорите ќе им овозможиме брзо, ефикасно издавање на одобрение за градба.
Од друга страна, граѓаните ќе имаат можност онлајн  да го следат проектирањето на секој објект и во секоја фаза да изразуваат  забелешки и сугестии.
Оваа БИМ технологија ќе се комбинира и со други дигитални технологии, како ГИС, ВР, СмартСити  со цел за решавање на проблеми од многу поголеми размери во општеството.
Како втор проект ќе го спомнам е-урбанизмот кој планираме да го надградиме. Овој е-урбанизам е донесен пред околу 10 години, го донесе владата на ВМРО-ДПМНЕ, го креираше и го стави во функција и се покажа како добар проект кој овозможува тотално да биде се електронски пат за донесување на ДУП-ови, затоа сега веќе има потреба од еден вид на надополнување, односно ажурирање на оваа алатка по 10 години користење со која ќе се овозможи поголема транспарентност, точност, ефикасност и ефективност.  
Денес во самиот процес на донесување на Урбанистички планови самите донесувачи односно архитекти, планерите ќе имаат директен пристап до Агенција за катастар за парцелите на објектите, потоа до ЕВН и МЕПСО за поставеноста на подземна и надземна инфраструктура, од комуналните претпријатија за подземните водоводни и канализациони мрежи, од министерството за животна средина за општите и посебните мерки за заштита на животната средина, од институциите за културно наследство податоци за тоа дали опфатот недвижноста влага во законски забрането или незабрането земјиште. Понатаму продолжуваме со земјоделие министерството кое ќе дава свои мислења за законски можности. Така да обезбедувањето на сите овие податоци и согласности во моментов до сега одземаше многу време и средства и ја направи таа постапката на донесување на планови спора, скапа и нетранспарентна за граѓаните.
Затоа, веднаш по формирање на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе се донесе нов Закон за урбанистичкото планирање со кој најнапред законски се задолжуваат сите институции да ги дигитализираат и стандардизираат своите податоци и бесплатно преку сервер да бидат достапни на новиот Владин гео портал кој ќе биде за урбанизам и просторно планирање.  Во порталот ќе бидат дигитализирани и хармонизирани сите важечки урбанистички планови од цела Македонија.
По завршување на оваа фаза на дигитализација и хармонизација ќе се овозможи пристап на гео порталот за сите лиценцирани проектантски куќи со цел истите да можат бесплатно да користат сите податоци и ограничувања на просторот. Планерските куќи покрај бесплатното користење на овие податоците ќе може урбанистичкиот план да го проверат на начин што ќе вчитаат во системот, односно геопорталот а да не им се врши проверка од човечки фактор како што е денеска  и системот ќе му ги даде сите грешки и неусогласености со законските ограничувања.
Така планерските куќи наместо како досега да чекаат согласности од десетина институции сега единствена согласност  ќе им биде потребна од софтверот односно системот и од граѓаните.
Граѓаните наместо како досега да чекаат јавни анкети, сега ќе можат онлајн преку геопорталот да ги следат во живо сите чекори во донесувањето на нивните планови и онлајн да поднесуваат забелешки или идеи за подобро обликување на некој дел од планот.
Ваквиот начин ќе овозможи нулта корупција, брз, транспарентен, ефикасен и евтин начин на донесување на урбанистичките планови.

Со почит,

Прес-конференција на Синиша Ивановски, претседател на Комисија на ВМРО-ДПМНЕ за инфраструктура, урбанизам и транспорт

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: ВМРО-ДПМНЕ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан