• понеделник, 23 декември 2024

Ивановска: Успеавме да ги поправиме негативните оценки за ДКСК

Ивановска: Успеавме да ги поправиме негативните оценки за ДКСК

Скопје, 12 јануари 2024 (МИА) – Претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска пред истекот на мандатот на составот на ДКСК што таа го предводеше, е задоволна од сработеното. И покрај условите во кои работеле, ресурсите со кои располагале и, како што рече, „сите суптилни препреки со коишто се соочувале“, завршиле околу пет и пол илјади предмети. 

Одговарајќи на новинарско прашање за впечаток за мандатот што го завршува, Ивановска изјави дека овој состав на ДКСК не работел од нулта, туку „од минус и неколку позиции под нула“, ако се земат предвид оценките што претходно за оваа институција ги давала Европската комисија. 

-Сме правеле анализа за 10-ина години наназад. Значи, до 2019 година навистина беа негативни оценките. Успеавме сето тоа да го поправиме иако половина мандат имавме непроменети услови за работа, како просторни, така и материјално-технички, човечки ресурси. Сепак, низ рацете на ДКСК поминаа бројни предмети, некаде околу пет и пол илјади предмети поминаа и се завршија, дадовме повеќе иницијативи во Јавното обвинителство, изјави Ивановска пред отворањето на презентацијата на резултатите од Националниот систем на интегритет  на Република Северна Македонија. 

За конечните бројки на предмети и иницијативи ДКСК ќе ги информира медиумите на крајот на месецов, а „црешата на шлагот“, како што рече, ќе бидат големите предмети што се однесуваат на „Бехтел и Енка“ и Лотарија. хс/ бак/

Фото: МИА 

 

Остани поврзан