Ивановска: Оценката на ЕК за ДКСК е позитивна
- Оценката на Европската комсија за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е позитивна и не поддржуваат да продолжиме понатаму да отвораме случаи за високи функционери. Нивната препорака е да се продолжи со зајакнување на капацитетите на Комисијата и со примена на препораките што ги даваме, изјави денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска во одговор на новинарско прашање за оценката на ЕК за работата на Комисијата.
Струмица, 14 ноември 2023 (МИА) - Оценката на Европската комсија за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) е позитивна и не поддржуваат да продолжиме понатаму да отвораме случаи за високи функционери. Нивната препорака е да се продолжи со зајакнување на капацитетите на Комисијата и со примена на препораките што ги даваме, изјави денеска претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска во одговор на новинарско прашање за оценката на ЕК за работата на Комисијата.
Според Ивановска, која денеска беше во посета на ОУ „Свети Кирил и Методиј“ во струмичко Дабиле, најголем проблем, со кој тие се соочуваат во овој петгодишен период од мандатот, е тоа што институциите, одговорните лица, институциите и лицата кои биле назначени во препораките не ги почитувале препораките и иницијативите и затоа оценките биле такви.
Ивановска додаде дека непочитувањето на препораките може да ја закочи државата во европскиот пат, бидејќи препораките на ДКСК се потврдени од страна на Европската комисија и се што е позитивна препорака треба да се примени. рт/цр
Фото: МИА архива