• петок, 05 декември 2025

„Зрно“ со богата меѓународна програма на фестивалот „Аналогманија“ во Темишвар

„Зрно“ со богата меѓународна програма на фестивалот „Аналогманија“ во Темишвар

Скопје, 13 октомври 2025 (МИА) - Фестивалот за алтернативна фотографија  „Зрно“ денеска во Темишвар, Романија,  ќе учествува на „Аналогманија“ – меѓународен фестивал посветен на аналогна фотографија, филм и музика. Настанот е дел од пошироките активности на „Зрно“ за промовирање и ширење на аналогната култура во Европа.

На фестивалот „Аналогманија“, „Зрно“ ќе претстави: „Исчезнување во пејзажот“ – авторска изложба на Сара Сасани (Иран), „Гора – стебла“ - авторска изложба на Стиг Марлон Вестон (Норвешка), „Ева Ристиќ и Време за чај“ - авторска изложба на Емилија Сандиќ (Србија), „ Воскреснување на старите мајстори: оживеани негативи од браќата Манаки“ - соработка на „Зрно“ со Државниот архив на Македонија - Сашо Алушевски.

Во рамките на фестивалот, Сашо Алушевски ќе претстави неколку дела на македонските пионери на фотографијата и филмот – браќата Манаки, отпечатени на традиционален начин, со благородни историски фотографски техники – ван дајк и цијанотипија.

Како што информира „Зрно“, ќе претстави и изложба: „Sehschärfenbestimmung“ (корекција на диоптријата), 60 уметнички пристапи кон аналогната фотографија.

-Во организација на galerie.guerilla од Виена и Зрно, оваа изложба претставува разновиден спектар на креативни процеси засновани врз аналогни техники и естетики. Шеесет уметници, повеќето од Европа, се претставени со внимателно избрани дела. Изложбата нуди богат мозаик на идеи, концепти и визуелни истражувања, охрабрувајќи ги посетителите да се поврзат со визијата на секој автор. Меѓу учесниците се и повеќе македонски автори: Ангела Грозданов, Анѓела Танчевска, Филип Ицовски, Ивана Цветаноска, Јелена Велинова, Кети Талевска Бакревска, Мартина Павлоска, Сара Ислам и Сашо Алушевски, се наведува во соопштението за претставувањето на „Зрно“ фестивалот - промотор на аналогниот пристап во современата уметност. 

Ќе бидат одржани и две работилници од тимот на „Зрно“ во соработка со Фото клуб „Ирис“: „Мордансаж техника“ и „Креативна игра со полароид фотографија“. хс/вј/ 

Фото: Зрно - фестивал за алтернативна фотографија 

Остани поврзан