• недела, 08 февруари 2026

ЗОИ 2026: Карлсон и го донесе првото злато на Шведска

ЗОИ 2026: Карлсон и го донесе првото злато на Шведска

Кортина, 7 февруари 2026 (МИА) - Шведската скијачка Фрида Карлсон победи на скијатлонот на Олимписките игри 2026.

Таа го освои златниот медал со време 53:45.2 минути. 

- Се чувствував како машина. Никогаш не сум го сакала скијањето толку многу како денес. Не знам дали сè уште сум ја сфатила победата. Денес беше толку одлично, имавме одлични скии, сè беше беспрекорно. И сега сум на врвот, рече Карлсон по победата.

Нејзината сонародничка Еба Андерсон заврши втора, 51 секунда зад победничката. Третото место го освои Норвежанката Хајди Венг. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан