ЗОИ 2026: Витоци најбрза во биатлон потера 10 км
- Италијанската биатлонка Лиза Витоци го освои златниот медал во денешната трка на 10 км потера на Олимписките игри 2026.
Кортина, 15 февруари 2026 (МИА) - Италијанската биатлонка Лиза Витоци го освои златниот медал во денешната трка на 10 км потера на Олимписките игри 2026.
Триесет и едногодишната домашна натпреварувачка патеката ја помина за 30 минути и 11,8 секунди. Ова е нејзин прв златен олимписки медал.
Норвежанката Марен Киркеиде го освои сребрениот медал, завршувајќи 28,8 секунди зад водечката. Таа ќе го освоеше златото доколку беше попрецизна на стрелиштата. Трите промашувања и дополнителните 450 метри ја чинеа највисок пласман.
Финката Суви Минкинен заврши трета (+34,3 секунди). зс/
Фото: ЕПА