• понеделник, 16 февруари 2026

ЗОИ 2026: Брињоне победи во велеслалом за втор златен медал

ЗОИ 2026: Брињоне победи во велеслалом за втор златен медал

Кортина, 15 февруари 2026 (МИА) - Италијанската алпска скијачка Федерика Брињоне победи во денешниот  велеслалом на Зимските олимписки игри 2026.

Триесет и петгодишната Брињоне ги заврши двете трки за 2 минути и 13,5 секунди. Ова е втор златен медал за Брињоне на Олимписките игри во Милано/Кортина, откако претходно беше најбрза во супер-велеслаломската трка.

Швеѓанката Сара Хектор и Норвежанката Теа Луиз Стјернесунд се најдоа на делба на втората позиција со време 2 минути и 14,12 секунди.

Македонката Јана Атанасовска не успеа да ја заврши првата трка. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан