ЗОИ: Норвешка прва со десет златни медали
- Норвешката репрезентација го освои златниот медал во биатлон 4x7,5 километри на Олимписките игри во Пекинг.
Пекинг, 15 февруари 2022 (МИА) - Норвешката репрезентација го освои златниот медал во биатлон 4x7,5 километри на Олимписките игри во Пекинг. За Норвешка ова е 10. златен медал на Олимписките игри во Пекинг за лидерско место во поредокот на земји медалисти.
Во составот на норвешкиот национален тим беа: Холм Легрејд, Тарјеј Бо, Јоханес Бо и Ветл Кристијансен. Вкупното време на Норвежаните е 1:19:50.2 час.
Второто место го зазеде францускиот тим кој на крајот заостана 27,4 секунди.
Третото место и бронзениот медал отидоа кај Русите кои беа во водство пред последната измена, но на крајот заостана 45,3 секунди.
Игрите во Пекинг ќе траат до 20 февруари. зс/