• сабота, 23 ноември 2024

Зои Кравиц во новата кампања на Сен Лорaн (видео)

Зои Кравиц во новата кампања на Сен Лорaн (видео)
Лос Анџелес, 14 февруари 2020 (МИА) - Сен Лорaн ја претстави новата кампања, проследена со видео и фотографии за претстојната пролет-лето 2020 колекција, со потпис на Антони Вакарело. За новата линија #YSL31, луксузниот бренд избра познати лица, како што се Зои Кравиц, Фреја Беха Ериксен, Бинкс Валтон, Алија Питерсон, Елис ван Итерсон и Чарли Браун. Колекцијата се состои од долги и прелевачки силуети, при што некои парчиња имаат вез, други - етерични дезен, како и проѕирни блузи, мини-бермуди и структурирани фустани со единствени шлицови. си/ми/ https://youtu.be/0qHX1nCExoo

Остани поврзан