• сабота, 23 ноември 2024

Злоупотребено името на Пошта во лажни пораки за подигање пратки

Злоупотребено името на Пошта во лажни пораки за подигање пратки

Скопје, 11 март 2024 (МИА) -  Повторно се злоупотребува името на АД „Пошта на Северна Македонија“ со пораки кои ги добиваат деновиве граѓаните со невистинита содржина, информораат од компанијата во објава на веб страницата. Со пораките граѓаните се известуваат за пристигнати пратки и се повикуваат да ја потврдат својата адреса на понуден линк. 

АД „Пошта на Северна Македонија“ потенцира дека не стои зад известувањата. 

Името на националната Пошта претходно беше злоупотребено во измамнички кампањи во јануари и февруари годинава. лв/aa/

фото:Принт скрин 

Остани поврзан