Злато за Самуелсон на мундијалскиот биатлон на 15 километри
- Швеѓанецот Себастијан Самуелсон победи на последниот ден на Светското првенство во биатлон, 15 км масовен старт во германски Оберхоф.
Оберхоф, 19 февруари 2023 (МИА) - Швеѓанецот Себастијан Самуелсон победи на последниот ден на Светското првенство во биатлон, 15 км масовен старт во германски Оберхоф.
Самуелсон патеката ја помина за 36 минути и 42,8 секунди без ниту едно промашување на четирите стрелишта.
Втор беше Мартин Понсилуома, уште еден Швеѓанец, со 9,6 секунди зад Самуелсон со две промашувања.
Норвежанецот Јоханес Бе го освои третото место, со три промашувања и заостанување од 38,8 секунди зад победникот.
Последната трка од Светското првенство во Оберхоф ќе биде масовниот старт за жени, која ќе се одржи попладнево од 15:15 часот. зс/