• недела, 22 декември 2024

Зијадин Села: По 17 октомври ќе нема општини со кои ќе раководи ДУИ

Зијадин Села: По 17 октомври ќе нема општини со кои ќе раководи ДУИ
Гостивар, 14 октомври 2021 (МИА) - Потребна ни е чиста победа, како во Гостивар за да нема повеќе општини со кои ќе раководи ДУИ и за победа на коалицијата Алијанса-Алтернатива на претстојните парламентарни избори, порачаа лидерите на Алијансата за Албанците Зијадин Села и на Алтернатива, Африм Гаши на митингот во спортската „Младост“ во Гостивар. - Во недела со рака да го покажете дека патот на светлината. По 17 октомври, нема да има повеќе општини што ќе ги води ДУИ, бидејќи нашата коалиција ќе победи од Струга до Липково. Кажете им на луѓето дека ни треба убедлива победа, да победиме чисто како во Гостивар уште во првиот круг, рече Села. Тој се осврна на пораките од кампањата на нивните противници, кои вината за голем број на казина во Гостивар е во Таравари. - Тие зборуваат за казината и го обвинуваат Таравари. Дозволите се потпишани од нивен министер. Законот за казина е во парламентот, но тие не гласаа за него. Казината ќе бидат отстранети кога ќе си отидат и ќе станат во опозиција, бидејќи без срам го бараат вашиот глас, нагласи Села. Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши пред гостиварци зборуваше за оптимизмот кој се шири кај членството пред изборите и побара да се излезе помасовно и да се гласа за нив. - Вие гостиварци, гласајќи на 17 октомври за Таравари, не гласате само за Гостивар. Таа победа ќе биде најава за уште поголема победа што ќе нè чека на парламентарните избори. Веројатно уште еднаш ќе ве однесеме на гласање, за да има промена и ново мнозинство кое нема да дозволи одземање на овластувањата на Таравари и на секој успешен градоначалник, рече Гаши. Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар барајќи ја поддршка за уште еден мандат зборуваше за неговото работење и укажа дека со неговиот тим постигнал многу. - Ние сме прва општина по кредибилитет, а последни само по корупција. Ова не прави горди и со ова го бараме гласот. Нашата програма се вика „Трансформирање на градот“. Работевме напорно на инфраструктура и сега е редот на туризмот за четири сезони. Сакаме уште еден мандат, бидејќи сакаме да продолжиме со транспарентноста. Нашиот противник излезе на прес-конференција со најава за реализација на 24 проекти, морам да им кажам дека 18 од нив веќе реализиравме, истакнаТаравари. згм/свс/

Остани поврзан