• понеделник, 23 декември 2024

Зимската служба на Град Скопје од денеска во функција

Зимската служба на Град Скопје од денеска во функција
Скопје, 15 ноември 2021 (МИА) - Зимската служба на Град Скопје од денеска е ставена во фунција, а со тоа и координираните активности за зимско одржување на улиците во надлежност на Град Скопје, врз основа на Програмата усвоена од Советот и средствата предвидени во Буџетот. Носител на активностите за зимското одржување на улиците ќе биде ЈП „Улици и патишта“ со целокупната механизација и расположивиот кадровски потенцијал. Како што информираат од Град Скопје, со Програмата се предвидени обемот, динамиката и нивото на одржување на улиците со цел обезбедување непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на градските сообраќајници во зимски услови. - Коловозните ленти при одржувањето во зимски услови ќе се расчистуваат според приоритети, како што се критичните точки, пристапите до објектите од витално значење за граѓаните и сообраќајниците од посебно значење за функционирање на сообраќајот /стопански објекти/. Преостанатите јавни претпријатија се задолжени во рамки на Програмата и своите надлежност да обезбедат механизација и опрема, а имаат изготвено и посебни подпрограми за расчистување на јавни површини во зимски услови, се наведува во соопштенеито. Кризниот штаб, апелира до граѓаните, урбаните заедници, куќните совети и претпријатијата, благовремено да преземаат мерки за отстранување на возилата од коловозите, расчистување на пешачките приоди, приодите до објектите и покривите на објектите. Во спротивно, полицијата и комуналните инспектори, врз основа на Законот за јавна чистота ќе изрекуваат казни. Воедно апел испраќаат и до возачите да ја почитуваат законската регулатива за задолжително користење зимски пневматици, со што ќе придонесат во организирањето на оптималната безбедност на сообраќајот во зимски услови. Зимската сезона почнува денеска, а завршува на 15.3.2022 година. свс/са/

Остани поврзан